15.8 C
Skopje
12 November, 2025

Мапа

независен информативен портал
spot_img
HomeМакедонијаИзборниот караван на ТХП спречен од полицијата во Демир Капија

Изборниот караван на ТХП спречен од полицијата во Демир Капија

- Advertisement -spot_img

Изборниот караван, предводен од Претседателот на Партијата за движење на Турците – ТХП, г. Енес Ибрахим, вчера, од страна на полициски службеници беше спречен да ги реализира своите изборни активности во село Корешница, општина Демир Капија.

Нашиот караван беше пресретнат од полициско возило без функционална сигнализација и соодветна ноќна безбедносна опрема. Полициските службеници постапија на крајно непрофесионален, недоличен и агресивен начин, задржувајќи нè цел час во центарот на селото, при што предизвикаа вознемиреност и кај локалното население.

Ваквиот пристап е неприфатлив за едно демократско општество, особено што станува збор за инцидент кој се случува во екот на изборната кампања. Наместо да внесе чувство на сигурност и доверба кај граѓаните, полицијата демонстрира однесување кое создава страв и притисок.

За овој немил настан се информирани сите релевантни меѓународни организации кои го следат изборниот процес, а ќе бидат поднесени и соодветни пријави до Министерството за внатрешни работи.

Апелираме до МВР итно да преземе мерки за целосно расчистување на случајот и да стави крај на полициската агресија врз граѓаните!

Партијата за движење на Турците – ТХП и турската заедница нема да подлегнат на вакви провокации и притисоци. Напротив, продолжуваме со уште поголема решителност и мотивација да ги реализираме нашите изборни активности, со единствена цел – демократски, транспарентни и фер избори!

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img