домаСпортХанси Флик нема да менува ништо, Родри повторно нема да биде стартер

Ханси Флик нема да менува ништо, Родри повторно нема да биде стартер

- Advertisement -spot_img

Новото засилување на Барселона, Родри, ќе мора да почека за својот прв настап како стартер за каталонскиот гигант.

Според „Мундо депортиво“, тренерот Ханси Флик веќе одлучил да му верува на истиот состав кој минатиот четврток славеше со 2:0 против Атлетик Билбао.

Родри, освојувачот на Златната топка од пред две години, неодамна имаше лесна повреда и поради тоа ќе остане на клупата и против Рајо Ваљекано. Тоа значи дека во средниот ред повторно ќе стартуваат Марк Бернал и Педри.

Барселона има максимални шест бода по првите две кола од Ла Лига, со импресивна гол-разлика од 7:0.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img