домаМакедонијаТошковски: И возилата на МВР ќе бидат уреди за констатирање сообраќајни прекршоци

Тошковски: И возилата на МВР ќе бидат уреди за констатирање сообраќајни прекршоци

- Advertisement -spot_img

Во 2027 година возилата на Министерството за внатрешни работи ќе бидат воедно и уреди што ќе констатираат сообраќајни прекршоци онаму каде што го нема системот „Безбеден град“. Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска изјави дека од почетокот на примената ќе бидат вклучени голем број возила на МВР, кои и лоцирани, но и во движење, ќе регистрираат прекршоци на учесници во сообраќајот.

Како што рече, возачите веќе научиле каде се поставени камерите на „Безбеден град“ и таму ги почитуваат правилата, но каде што нема камери – „повторно имаме поинаков тип на управување моторно возило“.

– Со возилата на МВР ќе можеме да детектираме, пред сè, управување моторно возило со несоодветна брзина. Ценам дека таков тип на контрола е нужен за да можеме да го смириме сообраќајот и таму каде што немаме поставено камери. Оние што несовесно ги управуваат моторните возила полека нучија каде се камерите и тоа е добро. Е, сега, не ќе може да претпостават каде ќе бидат полициските возила. Тие ќе може да констатираат прекршок и тој директно ќе биде внесен во дигиталниот електронски систем за доставување, спроведување, процесирање на сите прекршоци – изјави Тошковски по промоцијата на Националната стратегија за безбедност на сообраќајот на патиштата 2026 – 2030.

Додаде дека оваа мерка ќе биде многу клучна, особено во насока на остварување на целите на стратегијата.

Тошковски соопшти дека до крајот на овој месец во СВР Струмица и градовите што ги покрива овој сектор за внатрешни работи треба да заврши воведувањето на системот „Безбеден град“, а потоа ќе биде имплементиран во СВР Штип. Очекува до крајот на годината или почетокот на 2027 системот да се применува на целата територија на државата.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img