домаМакедонијаТрифуновски за бегството од Македонија: „Јас сум жртва на режим, Груевски беше...

Трифуновски за бегството од Македонија: „Јас сум жртва на режим, Груевски беше владетел на режимот“

- Advertisement -spot_img

Организацискиот секретар на СДСМ, Зоран Трифуновски, во гостувањето во поткастот „Претрес со Ландов“, говореше неговото заминување од државата, тврдејќи дека не избегал од Македонија, туку од тогашниот режим.

„Јас сум бегал од режим, не сум бегал од државата. Јас сум бил патриот, сум бил и ќе бидам патриот“, рече Трифуновски, објаснувајќи дека заминувањето од земјата го направил од, како што посочи, реални причини и дека тоа не треба да се поистоветува со напуштање на државата.

На ова Ландов му возврати дека постои јасна разлика меѓу бегство од власт и бегство од државата, посочувајќи дека кога органите на прогонот бараат некого, а тој ја напушта земјата наместо да се појави пред нив, станува збор за бегство од државата.

Особено интересен момент во разговорот беше споредбата со поранешниот премиер Никола Груевски, кој исто така ја напушти Македонија додека се соочуваше со судски постапки.

На прашањето што е слично меѓу него и Груевски, Трифуновски првично одговори дека не гледа сличност. Ландов му посочи дека и двајцата ја напуштиле државата, по што Трифуновски направи јасна разлика меѓу двата случаи.

„Он замина затоа што беше обвинет како владетел на тој режим, а јас сум бил жртва на режим. Тоа е голема разлика“, рече Трифуновски.

Тој додаде дека Груевски треба да се врати во Македонија и да помине низ она низ што, според неговите зборови, поминал самиот тој. објави Скопје1.мк

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img