домаМакедонијаГуст чад го покри Скопје, скопската котлина едвај се гледа од Водно

Густ чад го покри Скопје, скопската котлина едвај се гледа од Водно

- Advertisement -spot_img

Густ чад попладнево го покри Скопје, а видливоста во скопската котлина е значително намалена. Од Водно градот едвај се гледа, а состојбата е видлива и на снимките од камерите.

Чадот доаѓа од повеќето активни пожари во скопскиот регион, а најмногу од пожарот на планината Жеден кај селото Бојане.

Најсериозна е состојбата на Китка, каде на територијата на Студеничани и Зелениково гори мешана шума. Во гаснењето е ангажиран и хеликоптер на МВР.

Активни пожари има и кај Бујковци во Општина Илинден, како и во Сарај, каде се зафатени нискостеблеста шума и висока трева.

Мерните станици на Министерството за животна средина покажуваат лош квалитет на воздухот.

Институтот за јавно здравје претходно препорача при загадување со чад да се ограничи престојот на отворено и физичката активност, граѓаните да останат во затворени простории со што е можно почист воздух и да ги држат прозорците и вратите затворени.

Денеска во земјава се активни пет пожари, а вчера биле регистрирани вкупно 33.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img