домаМакедонијаШасивари се сретна со Варнс, во фокусот реформите во правосудството и владеењето...

Шасивари се сретна со Варнс, во фокусот реформите во правосудството и владеењето на правото

- Advertisement -spot_img

Министерот за правда Јетон Шасивари оствари средба со вршителката на должноста шеф на мисијата во Амбасадата на САД, Никол Варнс, пренесува ТВ21. Во фокусот на разговорите биле реформите во правосудството, владеењето на правото и борбата против корупцијата и организираниот криминал.

Шасивари ја истакнал важноста на американската експертиза во реформата на кривичното законодавство, дигитализацијата на правосудството и зајакнувањето на институционалните капацитети.

Двете страни ја потврдиле подготвеноста за продлабочување на соработката преку конкретни проекти, стручна помош и размена на искуства, со цел создавање поефикасен правосуден систем и зголемување на довербата на граѓаните во правдата.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img