15.8 C
Skopje
15 November, 2025

Мапа

независен информативен портал
spot_img
HomeМакедонијаГрадоначалникот Коњановски ја врачи Златната Камера 300 на турскиот режисер Семи Капланоглу

Градоначалникот Коњановски ја врачи Златната Камера 300 на турскиот режисер Семи Капланоглу

- Advertisement -spot_img

Со свечено отворање во Битола започна 46. Интернационален фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“, единствениот фестивал во регионот посветен на уметноста на филмската камера.

На отворањето, градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, му ја додели престижната награда Златна Камера 300 на турскиот режисер Семи Капланоглу, за неговиот особен придонес во светската кинематографија.

Во своето обраќање, Коњановски истакна дека фестивалот е симбол на идентитетот на Битола и културен мост кон светот:
„Фестивалот ‘Браќа Манаки’ не е само културен настан – тој е прозорец кон светот и доказ дека нашата локална приказна има глобално значење. Како градоначалник, но и како битолчанец, горд сум што Битола е домаќин на еден од најзначајните културни настани во регионот,“ порача Коњановски.

Свеченото отворање беше збогатено со обраќања на директорот на фестивалот Димитрија Доксевски, претседателот на Друштвото на филмските работници на Македонија Игор Иванов – Изи, а претседателката на државата Гордана Силјановска-Давкова преку видео порака официјално го прогласи фестивалот за отворен.

Фестивалското издание започна со прикажување на филмот „Мајка“ во режија на Теона Стругар Митевска, кој е дел од официјалната конкуренција за Златна Камера 300.

Во наредните седум дена, Битола ќе живее во духот на филмската магија, со бројни светски наслови претставени на престижни филмски фестивали ширум светот, продолжувајќи ја традицијата што веќе повеќе од четири децении ја прави Битола центар на филмската уметност.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img