Градинките од денеска ќе ги препраќаат родителите чии деца не се вакцинирани со МРП против мали сипаници во пунктовите за вакцинација поради можноста од ширење на вирусот. Во информацијата стои дека тоа е по препорака на Институтот за јвно здравје.
Вчера министерот за здравство рече дека нема да се оди со присилна вакцинација бидејќи може да има контра ефект. Веќе се направени протоколи доколку бројот се зголемува на деца заболени со мали сипаници. Вакциналниот опфат е загрижувачки околу 60% а потребно е да има над 90% .






