домаРегионГори Саранда, во опасност познат манастир

Гори Саранда, во опасност познат манастир

- Advertisement -spot_img

Голем пожар од попладнево беснее во албанскиот приморски град Саранда, во област, во близина на хотелот „Туризам“, кој го зафати зелениот појас над градот, поточно во областа засадена со борови дрвја во близина на познатиот манастир „40 маченици“.

Според извештаите, пламенот и чадот предизвикале тревога во областа, како и меѓу туристите, додека сè уште нема официјални информации за причината за пожарот, објави 4news.mk

Во меѓувреме, се известува дека пламените јазици брзо се шират низ густата вегетација, создавајќи критична ситуација и опасно се приближувајќи се до станбени згради.

Освен противпожарните сили, кои веднаш пристигнале и интервенираат на терен, вклучен  е и  хеликоптерот „Кугар”.

Поради брзото ширење напорите на екипите за итни случаи максимално се ангажирани во создавање заштитни појаси.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img