HomeМакедонијаГерасимовски: Отстрануваме 10 диво поставени објекти, нема толеранција за кршење на законите

Герасимовски: Отстрануваме 10 диво поставени објекти, нема толеранција за кршење на законите

- Advertisement -spot_img

Инспекциските служби на Општина Центар спроведоа вонредни инспекциски надзори на плоштадот „Филип Втори“ и на влезот на Старата скопска чаршија, соопштуваат од Општина Центар.

„При контролата беше утврдено постоење на повеќе диво поставени и заградени објекти.

За истите се донесени решенија за нивно отстранување, во рок од 5 дена.

Доколку сопствениците не ги отстранат објектите во наведениот рок, Општина Центар ќе пристапи кон нивно отстранување“, се наведува во соопштението.

Градоначалникот Горан Герасимовски истакна дека општината останува посветена на одржување на јавниот ред и достоинствениот изглед на строгиот центар на градот.

„Општина Центар нема да дозволи узурпирање на јавен простор. Ќе продолжиме со континуирани контроли за да го зачуваме редот, безбедноста и автентичниот изглед на просторот,“ посочи Герасимовски.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img