Пет лица утрово биле повредени во сообраќајна незгода која се случила на експресниот пат Штип-Кочани, во близина на селото Горни Полог.
„Денеска (07.10.2025) во 09.18 часот во ОВР Кочани е пријавено дека на експресниот пат Штип – Кочани, во близина на с.Горни Полог, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „рено“ во кое се превезувале четири лица и патничко возило „фолксваген поло“ со бугарски национални ознаки, во кое бил само возачот, информираат од МВР.
Од полицијата информираа дека сите пет лица се пренесени во болницата во Кочани.
Увид бил извршен.
Според неофицијални инаформации во едно од возилата се превезувале работници, од кои тројца се здобиле со полесени телесни повреди, додека еден од патниците поради сериозноста на повредите бил пратен на скопските клиники каде подоцна им подлегнал на повредите, пренесува Телевизија Кочани.






