домаМакедонија29 пожари на отворено за 24 часа, активни се три

29 пожари на отворено за 24 часа, активни се три

- Advertisement -spot_img

На територијата на државата во текот на изминатото деноноќие до 07:30 часот се регистрирани вкупно 29 пожари на отворен простор, од кои три се активни, еден е ставен под контрола, а 25 се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Според информациите на ЦУК, активен е пожарот на подрачјето на општините Студеничани и Зелениково, на потегот од селата Моране, Вртекица и Рамни Габер кон Палиград, како и над селото Вражале, каде е зафатена мешана шума. Активен пожар има и во гостиварското село Трново, каде гори мешана шума, како и над селото Нежилово во Општина Чашка, каде се зафатени смреки.

Под контрола е ставен пожарот кај кичевското село Тајмиште, на месноста Дарда, каде горела високостеблеста букова шума.

Во текот на изминатото деноноќие изгаснати се 25 пожари на различни локации низ државата. Меѓу нив се пожарите во Струмица, Василево, Делчево, Куманово, Јегуновце, Гостивар, Врапчиште, Демир Хисар, Пробиштип, Илинден, Сарај, Чаир, Студеничани, Арачиново, Македонски Брод, Новаци, Петровец, Берово, Карбинци и Чешиново-Облешево.

ЦУК информира дека при овие пожари гореле ниска вегетација, стрништа, сува трева, грмушки, како и повеќе шумски површини, а во одделни случаи биле зафатени и ѓубре, слама, објекти и гнездо од штрк.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img