домаМакедонијаОд што им пукна филмот на младите што протестираат во Европа?

Од што им пукна филмот на младите што протестираат во Европа?

- Advertisement -spot_img

Зошто „џензи“ генерацијата протестира на Балканот и во Европа? – „Ние младите гледаме дека може секогаш подобро, и ние можеме да направиме некоја промена важна во животот…“, „Младиве сфаќаат више што се дешава, не се глупи младите, на младата популација уопште не им се свиѓа актуелната политика глобална… Од што им пукна филмот на младите: „Без иднина, без извор на приходи, без стабилност“, „Рибата смрди од кај главата, и младите што ќе прават, ќе се бунат…“.

што нема протести кај нас, дотолку ли ни е се ОК и убаво? – „Знаеш кај нас како иде тоа, секое чудо за два дена, некако не се заинтересирани луѓето…“, „Напротив, мислам дека имаме голема причина за протест, ама можеби гледаме дека протестите кои што повозрасните ги организираат, немаат некоја многу голема промена“, „Они чувствуваат потреба, ама многу е присутна автоцензурата, која ја наследиле од нас постарите – наведната глава и ќути си трај си…“. Која е најчесто причината за младите? – „Празниот џеб…, егзистенцијата е главен проблем на секој жив човек“, „Не се гневни, оти немаме доволно комуникација, да не кажам, нема доволно муда, сите сакаат, ама никој не иде“.

А еве што лично би ги мотивирало граѓаните да излезат на протест – „Митото, сите сакаат пари да му дадеш, за да ти свршат работа“, „Кога би биле моите најблиски загрозени, би искочил“, „Би излегол, ако е нешто што ги засега младите…“

https://trn.mk/vnimanie-mladi-protesti/

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img