домаСветЕрупција на Етна го парализираше аеродромот во Катанија

Ерупција на Етна го парализираше аеродромот во Катанија

- Advertisement -spot_img

Вулканот Етна, еден од најактивните во Европа, денеска повторно исфрли големи количества вулканска пепел, поради што привремено беа прекинати сите пристигнувања на Меѓународниот аеродром „Катанија Винченцо Белини“ во Италија.

Според локалните медиуми, засилената вулканска активност следува откако на 26 јуни се отвори нова пукнатина во кратерот Вораџине на врвот на Етна.

Од Италијанскиот национален институт за геофизика и вулканологија соопштија дека исфрлањето на пепелта започнало околу 7:45 часот по локално време, а активноста дополнително се засилила околу 8:45 часот.

Облакот од вулканска пепел достигнал височина од околу 1,5 километри.

Поради високата концентрација на пепел во атмосферата, компанијата што управува со аеродромот во Катанија соопшти дека привремено се прекинати сите пристигнувања на авиони, додека полетувањата се одвиваат со ограничувања.

На патниците им се препорачува пред поаѓање да го проверат статусот на своите летови кај авиокомпаниите.

Етна, висока околу 3.300 метри, е најголемиот активен вулкан на европското копно.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img