домаХроникаДве апсења за дрога во Тетово и Гостивар, пронајдени марихуана и бела...

Две апсења за дрога во Тетово и Гостивар, пронајдени марихуана и бела грутчеста материјa

- Advertisement -spot_img

Во одвоени полициски акции во Тетово и Гостивар, приведени се две лица кај кои биле пронајдени наркотични средства, информираат од СВР Тетово.

Во Тетово, на 2 јули, полициски службеници го лишиле од слобода Б.А. (41), откако при претрес во неговиот дом и помошните простории, извршен по судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана. Тој е задржан во полициска станица, а по целосното документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Истиот ден, околу 18:15 часот, на улицата „Мајор Чеде Филиповски“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го привеле Ч.Ф. (54) од Гостивар. При извршен преглед кај него била пронајдена и одземена бела грутчеста материја.

Од полицијата информираат дека и тој е задржан во полициска станица, а по целосното расчистување на случајот ќе следува соодветен поднесок.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img