Двајца државјани на Тајланд попладнево се пронајдени починати во стан во поширокото централно подрачје на Скопје.
„Денеска (02.09.2026) околу 13:50 часот во СВР Скопје е пријавено дека во стан во централното подрачје на Скопје, од страна на Н.М. пронајдени се починати нејзината мајка Ч.Т.Ј. (50) и сопругот на нејзината мајка Ш.Л.Ф. (37), двајцата од Тајван, а кои на 02.09.2026 во 00:49 часот биле пријавени за исчезнати од страна на Н.М.. На лице место упатена е екипа на СВР Скопје, а од лекар од судска медицина констатирана е смрт без видливи траги на насилство и телата се дадени на обдукција“, информира министерството за внатрешни работи (МВР).
Од таму додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.






