Од отворањето на дискотеката „Пулс“ па се до пожарот во објектот не влегол инспектор за противпожарна заштита, изјави вештото лице Викторија Будимовска Секуловска на судењето за пожарот во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени.
„Колку што нам ни е познато од 2012 година се до 2025 година не е извршена инспекциска контрола во дискотеката „Пулс“ од страна на инспектор за противпожарна заштита“, рече Викторија Будимовска Секуловска, вешто лице
Вештото лице сведочеше и дека главната влезна и излезна врата исто така не била според стандардите на противпожарна заштита, а во внатрешноста на објектот, бил истакнат само еден план за евакуација.
На прашања на одбраната одговараше и вештото лице Маријана Лазаревска која потенцираше дека вратите за евакуација треба да се отвораат нанадвор што не било случај во „Пулс“.
„Иницијалниот извор на пожарот да се прскалките. Меѓутоа, можноста да се запали нешто во конкретниот случај и објект, припаѓа на сунѓерот. Значи, тука имаме директна поврзаност. Нешто му помагало да се рашири и да гори“, кажа Маријана Лазаревска, вешто лице
А за тоа што горело од сунѓерот одговор имаше Горан Марковски, исто така вешто лице и професор на градежниот факултет.
„Специфично, за овој материјал, конкретно сунѓерот, е што при согорување тој ослободува јаглерод моноксид и цијанид, а знаеме во кои историски моменти се користел цијанид“, кажа Горан Марковски, вешто лице.
По завршување на вкрстеното прашање на вештите лица кои го изработија градежното вештачење ќе се продолжи со изведување на докази на одбраната и сведоци.






