Новиот амбасадор на Северна Македонија во НАТО, Орхан Муртезани, упати благодарност до генералниот секретар на Алијансата, Марк Руте, за топлиот прием при официјалното предавање на акредитивните писма.
Муртезани во објава на социјалните мрежи истакна дека Северна Македонија има „свое место, свој глас и сојузници“ во НАТО.
„Со голема чест ја преземам одговорноста тој глас да биде јасен, кредибилен и доследен“, порача Муртезани, кој ја презема дипломатската функција во период кога земјата продолжува активно да придонесува во рамките на Алијансата.






