12.8 C
Skopje
9 November, 2025

Мапа

независен информативен портал
spot_img
HomeМакедонијаБраќа Манаки 2025: Доделена „Златна Камера 300“ за животно дело на легендарниот...

Браќа Манаки 2025: Доделена „Златна Камера 300“ за животно дело на легендарниот кинематограф Дариус Конџи

- Advertisement -spot_img

Во рамките на 46. Интернационален фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“, беше доделено највисокото фестивалско признание – Златна Камера 300 за животно дело.

Добитник на престижната награда е прочуениот кинематографер Дариус Конџи, автор на бројни визуелни ремек-дела што оставиле траен белег во светската кинематографија. Наградата му ја врачи министерот за култура, Зоран Љутков.

Во свечената атмосфера на Пионерскиот дом присуствуваше и градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, кој на лауреатот му додели посебна плакета со македонски орнамент, како знак на почит и признание за неговото дело.

Конџи, роден во Иран, израснал во Париз, каде што уште од најрана возраст ја развил својата љубов кон киното и театарот. Неговата филмографија вклучува легендарни наслови како: „Седум“ со Бред Пит и Морган Фримен, „Полноќ во Париз“, „Седум години на Тибет“, „Евита“ и многу други.

Со оваа награда, фестивалот „Браќа Манаки“ уште еднаш го потврди својот статус како еден од најзначајните филмски фестивали во регионот, кој со децении претставува мост меѓу локалната и светската филмска уметност.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img