домаМакедонијаЕдна година по отровниот пожар во Трубарево – погонот работи, граѓаните револтирани,...

Една година по отровниот пожар во Трубарево – погонот работи, граѓаните револтирани, од обвинение абер нема

- Advertisement -spot_img

Наместо одговорност за екоцидот во Трубарево, погоните каде се складираше опасниот отпад каде избувна катастрофалниот пожар работаат.

По пожарот обвинителството за неколку дена отвори истрага против четири физички и едно правно лице за загрозување на животната средина со отпад.

Тројца од нив завршија во куќен еден во ефективен притвор. Се изврши увид, МВР најави длабока истрага се обезбеди документација. Но и по една година, јавно-обвинителска одлука се уште нема, а сомничените се на слобода

Од ОЈО за ТВ 24, накусо одговорија дека се работи за темелна истрага која е во финална фаза.

– Истрага е во финална фаза и наскоро се очекува да биде донесена јавнобвинителска одлука.

Во отпадот гореа батерии, акумулатори тонери, Густ црн чад се надвисна над половина Скопје. Воздухот беше екстремно загаден, почвата и подземните води под голем ризик.

Но, најпогодени без жителите во населбата околу отпадот. Голем дел од нив завршија на пулмологија, од земјоделието поради стравот од загадената земја веќе се откажале. Револтирани се што обвинение и одговорност нема, а погоните со отпа по неколку недели од пожарот како што веллат започнал со работа како ништо да не се случило.

Осомничените за пожарот со своите дејства во повеќе наврати оставале и фрлале отпадоци и остатоци од електронска опрема, акумулатори, отпадни батерии и тонери. Опасниот отпад го складирале на катастарска парцела во Трубарево, предизвикувајќи големо оштетување на квалитетот на почвата и воздухот, загрозувајќи го здравјето на граѓаните.

Првичните резултати покажаа дека Скопјани по избувнувањето на пожарот во Трубарево дишеле тешки метали. Концетрацијата на кадмиумот во воздухот била за речиси 12 пати поголема од максималните граници.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img