HomeМакедонијаДимитриеска-Кочоска: Министерството за финансии со клучна улога во спроведувањето на Реформската агенда...

Димитриеска-Кочоска: Министерството за финансии со клучна улога во спроведувањето на Реформската агенда 2024–2027

- Advertisement -spot_img

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска денеска, заедно со премиерот Христијан Мицкоски и членовите на Владата, оствари средба со амбасадорите на земјите членки на Европска Унија, на која во фокусот била Реформската агенда.

На средбата било истакнато дека Министерството за финансии има клучна улога во спроведувањето на Реформската агенда 2024–2027, особено во делот на управувањето со јавните финансии, буџетските реформи и планирањето и реализацијата на јавните инвестиции.

Како конкретни чекори што веќе даваат резултати, министерката ги посочи усвојувањето на Законот за системот на внатрешна финансиска контрола, имплементацијата на Законот за буџети преку 17 подзаконски акти, воспоставувањето на регистар на јавни субјекти, како и ревизијата на буџетските класификации, со што бројот на буџетски корисници е намален од 100 на 35.

„Овие мерки значат поголема транспарентност, поефикасно управување и појасна одговорност во користењето на јавните средства“, било нагласено на состанокот.Димитриеска-Кочоска порача дека Министерството за финансии продолжува со силен фокус на одговорно, дисциплинирано и ефикасно управување со јавните пари, како еден од клучните предуслови за успешна реализација на реформите и напредокот на земјата на европскиот пат.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img