домаМакедонијаДен по силното невреме во Македонија, штети и откажани концерти

Ден по силното невреме во Македонија, штети и откажани концерти

- Advertisement -spot_img

Пороен дожд, силен ветер и грмежи, расфрлани делови од покривни конструкции по улиците, како и паднати гранки и дрвја, блокирани патишта и дефекти на електричната мрежа – се дел од последиците по силното невреме што синоќа зафати повеќе градови и населени места во североисточниот и источниот дел на Македонија.

Погодени беа Куманово, Крива Паланка, Делчево, Виница и околните населени места, а најсериозно беше во Кочани, каде и денеска службите се на терен и работат на санирање на последиците и нормализирање на состојбата.

Во Кочани делови од градот беа без електрична енергија, сообраќајот на магистралниот пат Кочани–Штип беше во прекин поради наноси и паднати дрвја на коловозот, а блокирани беа и неколку патни правци околу градот. Стопиран беше и сообраќајот на излезот од градот кон Виница.

Грозданов информира и дека во текот на ноќта биле пријавени повеќе од 50 штети и ги повика сите граѓани кои имаат предизвикано штети од синоќешното невреме истите да ги пријават во Општината, по електронски пат или директно преку едношалтерскиот систем. А сериозна е состојбата и во Облешево, каде што по невремето има прекин во снабдувањето со електрична енергија.

– Локалната самоуправа на Чешиново-Облешево известува дека со сите расположливи ресурси се на терен, со цел расчистување на последиците и што побрзо нормализирање на состојбата. Екипите на ЕВН работат на оштетените далеководи, очекуваме во текот на денот да се добие електрична енергија по сите населени места.

И Пробиштип синоќа повторно беше зафатен од силното невреме, кое предизвика штети и проблеми на повеќе локации. Службите продолжуваат со работа на терен, а состојбата се следи, информираат од општината. Поради невремето во пробиштипскиот регион, пак денес има прекин на водоснабдувањето во Штип.

Силното невреме откажа и неколку музички настани, кои требаше да се одржат синоќа. Истите се презакажани за денес, бидејќи по невремето било потребно да се проверат сценската и техничката опрема и да се обезбедат услови за безбеден настап. Иако силниот дожд значително ја намали опасноста од ширење на пожарите во погодените подрачја, невремето зад себе остави сериозни проблеми со инфраструктурата и електроснабдувањето. Засега нема целосна проценка на материјалната штета.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img