Во тек е голема полициска акција на МВР која трае веќе два дена, а во која неофицијално се најдени дрога и оружје при претреси на над 40 локации.
Неофицијално, повеќе новински портали објавија дека Одделот за криминалистичка полиција при МВР координирано со сите Сектори за внатрешни работи и организациска единица за службени кучиња, продолжуваат со воспоставениот континуитет на работа и вршат претреси на над 40-тина локации веќе два дена.
Според информацииите, пронајдени биле дрога, оружје, пари, мачети и други предмети кои потекнуваат од кривични дела.
Според пишувањата на медиумите, станува збор за акција која е продолжение и резултат на координираното постапување на сите организициски единици на МВР.






