домаМакедонијаДецата во сенка на разводот: Срам, бес и анксиозност кај децата чиј...

Децата во сенка на разводот: Срам, бес и анксиозност кај децата чиј родители се разведени

- Advertisement -spot_img

Процесот на развод на родителите претставува тежок период за децата и често остава силни емоционални последици. Повеќето луѓе кај психолог доаѓаат само формално, најчесто за документи за судска постапка, а ретко за вистинска поддршка за себе и за децата. Психологот Лидија Манасиевска посочува дека по разводот малкумина работат на својата психолошка состојба, иако токму тогаш е најпотребна помош.

„Па многу мал процент доваѓа пред развод. Да, препорачливо е, но тие не го практикуваат тоа. Само, повеќето доваѓаат за документ да земат нешто, или потврда нешто, така за судскиот процес, а за лично себе не водат сметка, ниту за децата, ниту за себе. Пожелно е да доваѓаат и после разводот, практикуваат да ги донасаат децата кога ќе пројават некоја психолошка состојба, а самите за себе не, затоа и прават бегство, коцка, дрога, прељуби и така натаму. Па најмногу срам, од врсниците, од средината затоа што нивните родители се веќе разделени, разведни и тој срам го носат со себе. Ако се на училишна возраст, пројавуваат некој бес или некој се тепаат или анкциозни се, многу психолошки состојби се пројавуваат. Препорачувам и пред разводот и за време ан разводот и после тоа да практикуваат да посетуваат психолог, психотерапевт. За нивно добро да работат на себе за подобро ја прифатат ситуацијата и понатаму функционираат, да не се пројавуваат психолошки состојби како што најчесто се анкциозноста, депресијата и други.“- Лидија Манасиевска, психолог-психотерапевт

Манасиевска истакна дека децата на родители кои се во процес на развод често чувствуваат срам пред врсниците и средината, затоа што нивното семејство е веќе разделено. Па затоа кај нив, особено на училишна возраст, може да се појават бес, анксиозност или агресивно однесување како реакција на тешката емоционална состојба.

Манасиевска предупредува дека недостигот на поддршка може да доведе до анксиозност, депресија, па дури и појава на зависности и проблематично однесување. Затоа препорачува стручна помош да се бара пред, за време и по разводот, за полесно прифаќање и справување со промените.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img