6.8 C
Skopje
15 November, 2025

Мапа

независен информативен портал
spot_img
HomeМакедонијаДејан Проданоски го доби уверението за градоначалник на Прилеп: „Чест и одговорност...

Дејан Проданоски го доби уверението за градоначалник на Прилеп: „Чест и одговорност што ја прифаќам со гордост и посветеност“

- Advertisement -spot_img

Новиот градоначалник на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, денес официјално го доби уверението за избран градоначалник од Општинската изборна комисија, со што и формално ја презема функцијата на прв човек на општината.

„Ова е голема чест, но и уште поголема одговорност која со гордост и посветеност ја прифаќам,“ изјави Проданоски, нагласувајќи дека довербата што ја доби од граѓаните ќе биде негов најголем мотив за посветена и одговорна работа.

Во своето обраќање, тој им се заблагодари на сите прилепчани за поддршката и вербата во визијата за подобар и помодерен Прилеп:
„Вашата поддршка е мотив секој ден да работам чесно, одговорно и посветено, во интерес на сите граѓани, без разлика на политичка, етничка или каква било друга припадност,“ истакна Проданоски.

Тој изрази благодарност и кон досегашниот градоначалник Борче Јовчески за неговата работа и ангажман во интерес на општината, посочувајќи дека новата локална власт ќе продолжи со почит, континуитет и нова енергија.

„Нè очекува многу работа, но со заедничка сила, идеи и соработка, сигурен сум дека ќе успееме,“ порача новиот градоначалник.

Со ова, Општина Прилеп официјално влегува во нов мандат со Дејан Проданоски на чело, кој најави дека приоритет ќе биде развојот, модернизацијата и транспарентното управување во интерес на сите граѓани.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img