Запалени се две возила кои се во сопственост на скопскиот адвокат Асмир Алиспахиќ. Адвокатот ја потврди информацијата за ,,Фокус”, посочувајќи дека не се сомнева во никого и дека за него е непозната причината за немилиот настан.
Тој вели дека верува во институциите и во нивното професионално постапување, поради што очекува разоткривање на сторителот.
-За жал информацијата е точна. Верувам во институциите и нивното професионално постапување. Заради истрагата не можам ништо да кажам,за било што обратете во МВР.
Со никого немам било какви недоразбирања, не се сомневам во никого, мотивот и причината за мене се непознати, изјави Алиспахиќ за ,,Фокус”.
Алиспахиќ е адвокат со долгогодишно искуство, кој застапува обвинети во голем број случаи, од кои дел биле од голем интерес за јавноста.








