домаМакедонијаМојсовска: Досегашниот модел на проширување на ЕУ е неодржлив, потребен е нов...

Мојсовска: Досегашниот модел на проширување на ЕУ е неодржлив, потребен е нов пристап преку „прогресивно набљудување“ и влез во заедничкиот пазар

- Advertisement -spot_img

Иако идеите за нов модел на проширување на Европската Унија се сè уште во својот зародиш, јасно е дека досегашниот процес е исцрпен и неодржлив за земјите од Западен Балкан, смета проф. д-р Силвана Мојсовска од Економскиот институт при УКИМ.

Во своето гостување во дебатниот магазин „Топ Тема“, Мојсовска истакна дека земјите од регионот премногу долго чекаат пред вратите на Унијата, спроведувајќи реформи кои често не резултираат со реален напредок, со исклучок на Црна Гора и донекаде Албанија.

Според професорката, една од клучните промени во новиот пристап за кој се размислува во Брисел е воведувањето на политичка димензија која би им овозможила на земјите од Западен Балкан да учествуваат на состаноците на ЕУ во својство на „прогресивни набљудувачи“.

„Ова би дало една нова димензија и динамика. Државите би имале чувство дека се дел од институциите, иако во својство на набљудувачи, а не како носители на
одлуки. Сепак, значајно е да се седи на иста маса со оние кои одлучуваат,“ вели Мојсовска, надоврзувајќи се на оптимистичките изјави на македонскиот премиер по
средбите со европските лидери како Шолц и Макрон.

Вториот важен сегмент од новиот модел е економското приближување преку формализирање на пристапот до заедничкиот пазар на Унијата. Мојсовска објаснува дека сите земји со кандидатски статус веќе имаат договори со ЕУ кои овозможуваат одреден пристап до пазарот, но новиот план предвидува тој процес да се продлабочи и да добие јасна структура.

„Она што досега се правеше без јасен план и структура, сега се става во форма. Целта е да се види како регионот може подлабоко да се интегрира во заедничкиот пазар уште пред полноправното членство,“ истакна таа.

Иако процесот е полн со неизвесности, Мојсовска посочува дека Црна Гора моментално е најблиску до целта и дека е извесно оти таа би можела да стане 28-та земја членка на Унијата, иако прецизната временска рамка за тоа сè уште не е дефинирана.

Професорката заклучува дека иако во моментов нема ништо конкретно освен кандидатскиот статус на Украина и Молдавија, сепак се чувствува сериозен притисок и размислување за промена на досегашниот модел на функционирање и проширување на Европската Унија.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img