HomeМакедонијаД-р Светозаревиќ со ново издание: „Македонци“ добива втор том, промоцијата вечерва во...

Д-р Светозаревиќ со ново издание: „Македонци“ добива втор том, промоцијата вечерва во Скопје

- Advertisement -spot_img

Вториот том од книгата „Македонци“ на Бранислав Светозаревиќ, насловен „Сведоштва за идентитетското име и јазикот (1453-1944)“, вечерва ќе биде промовиран во Музејот на македонската борба за самостојност со почеток во 19 часот.

Станува збор за значајно дело посветено на македонскиот идентитет, историското паметење и духовната вертикала на македонскиот народ. Книгата претставува продолжение на првиот том, кој беше преведуван и објавуван во повеќе земји, а во новото издание се презентираат дополнителни докази, сведоштва и научни согледувања за постоењето и континуитетот на македонскиот идентитет низ историјата.

На промоцијата, покрај авторот, ќе се обратат и Стојко Стојков, Михајло Миновски и Никола Жежов, кои ќе ги споделат своите осврти за значењето на делото.

Настанот е отворен за јавноста и се очекува да привлече внимание од академската и културната јавност, како и од сите заинтересирани за прашањата поврзани со македонската историја и идентитет.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img