домаРегионЦрна Гора и Албанија бараат помош од НАТО за да се справат...

Црна Гора и Албанија бараат помош од НАТО за да се справат со руските дезинформации и хибридни напади

- Advertisement -spot_img

Министрите за одбрана на двете земји предупредуваат на сè поинтензивни активности на социјалните мрежи кои имаат за цел да го дестабилизираат Западен Балкан. Црногорскиот министер за одбрана вели дека Русија континуирано спроведува информативни операции насочени кон ранливостите на црногорското и на другите општества во Западен Балкан, а неговиот албански колега смета дека НАТО треба да биде поактивен во борбата против ваквите закани

Црна Гора и Албанија бараат НАТО да испрати експертски тимови за да им помогнат да се справат со руските дезинформациски кампањи и со хибридните закани. Министрите за одбрана на двете земји предупредуваат на сè поинтензивни активности на социјалните мрежи кои имаат за цел да го дестабилизираат Западен Балкан.

Како што пишува „Политико“, црногорскиот министер за одбрана, Драган Краповиќ, изјавил дека Русија континуирано спроведува информативни операции насочени кон ранливостите на црногорското и на другите општества во Западен Балкан, вели тој. Неговиот албански колега, Ермал Нуфи, смета дека НАТО треба да биде поактивен во борбата против ваквите закани.

– НАТО треба да биде поактивен во наоѓањето начини за борба против злонамерните актери на Интернет, воспоставувањето протоколи во рамките на членовите на Алијансата и формирањето тимови кои би можеле да ѝ помогнат на секоја земја на која ѝ е потребна таква помош, рече тој.

Барањето доаѓа во пресрет на важни политички настани: Црна Гора очекува да се приклучи на ЕУ до 2028 година, а Албанија до крајот на деценијата. Парламентарните избори во Црна Гора треба да се одржат во 2027 година, додека Албанија ќе има локални избори во мај.

Краповиќ признава дека Црна Гора нема доволно развиени капацитети за да одговори на информациски закани.

– Нашите капацитети во поглед на модернизација на опремата, човечките ресурси, административните способности и стратешката комуникација, очигледно не се доволно развиени, вели тој.

НАТО досега испраќаше тимови за одговор на хибридни закани во Црна Гора во 2019 година и во Литванија во 2021 година, а ѝ помогна на Албанија во 2022 година, по големиот сајбер напад што му се припишува на Иран. Во Албанија, прашањето за странското влијание стана предмет на политичка контроверзност. Премиерот Еди Рама ги обвини Русија и Иран за поттикнување на протестите против корупцијата што се одржуваат од мај. Нуфи тврди дека интернет-кампањите што поттикнуваат омраза и гнев се интензивирале во текот на изминатата година. Тој, исто така, споменува организации индиректно поврзани со Русија. Но, експертот за комуникации, Блерјана Бино, од институтот СЦИДЕВ во Тирана предупредува дека нема докази за тврдењата на Рама.

– Сметаме дека со ова, Владата се обидува да го делегитимизира оправданото незадоволство на граѓаните, рече таа.

Москва и Техеран ги отфрлија обвинувањата за вмешаност во протестите. Сепак, Бино истакнува дека руските кампањи за дезинформација во Албанија се документирани и во други области, особено во врска со европската интеграција, НАТО и социјалните прашања како што се правата на ЛГБТК заедницата.

Во Црна Гора, според политикологот Љубомир Филиповиќ од Државниот универзитет во Аризона, Русија се обидува да ги зајакне просрпските и проруските опозициски партии, користејќи мрежи поврзани со Српската православна црква. Минатиот месец, црногорската полиција го притвори Михаило Звинчук, воен блогер поврзан со Кремљ, под сомнение за ширење на руското влијание. Краповиќ очекува интензивирање на ваквите активности пред изборите во 2027 година и повикува на почести посети на високи функционери на НАТО.

– НАТО и ЕУ мора да останат многу присутни, и во практична и во политичка смисла, посочува тој.

Според анкетата на НАТО спроведена оваа пролет, 95 проценти од Албанците сакаат нивната земја да остане членка на Алијансата. Во Црна Гора, таков став го поддржуваат само 52 проценти од испитаниците, што е најмалку меѓу сите членки на НАТО. Испраќањето нови експертски тимови би барало согласност од членовите на Алијансата, но дипломатите на НАТО велат дека предлогот ќе биде разгледан. Во исто време, тие предупредуваат дека Албанија не треба да ја користи таквата помош за внатрешнополитички пресметки.

– Алијансите ги засилија подготовките за справување со дестабилизирачки активности, одвраќање и одбрана од нив, меѓу другото и со зајакнување на нивните капацитети за сајбер одбрана, изјави функционер на НАТО.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img