9.8 C
Skopje
8 November, 2025

Мапа

независен информативен портал
spot_img
HomeРегионЦипрас: Грција итно да ја признае Палестина и санкции за Нетанјаху

Ципрас: Грција итно да ја признае Палестина и санкции за Нетанјаху

- Advertisement -spot_img

Поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас апелира до сегашната грчка администрација итно да ја признае палестинската држава и да поддржи воведување на санкции за владата на Нетанјаху. Паралелно, тој тврди дека земјата, со својот тековен став, е на погрешната страна на историјата, пренесе дописничката на МИА од Атина.

Преку објава на Фејсбук, Ципрас нагласува дека Грција треба да застане на страната на Палестинците и Израелците „кои секојдневно се борат, ризикувајќи ги своите животи, за мир, крај на хуманитарната катастрофа и гладот во Газа, враќање на заложниците и решение за две држави врз основа на резолуциите на ОН“. Тој потсетува дека од неделата, голем број европски и други западни држави ја признаа палестинската држава, нагласувајќи дека веќе е призната од над 140 земји-членки на ОН.

“Но, Грција и понатаму инсистира да биде дел од малцинството земји. На погрешната страна на историјата и светската мапа.”

Според Ципрас, со одговорност на Владата, иако нашата држава е членка на Советот за безбедност на ОН, “не само што одбива да учествува во ова координирано признавање на палестинската држава, туку дополнително се позиционира заедно со земјите што го блокираат воведувањето европски санкции врз Владата на Нетанјаху.”

“Не заслужуваме ваков срам. Тоа не ѝ доликува на нашата историја и на борбите на нашиот народ, кои ја направија Грција синоним за слобода и правда,” напиша Ципрас на Фејсбук, објавувајќи и карта од земјите кои досега ја признаа палестинската држава.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img