домаМакедонијаЈанушев оди под лупа, корупција ќе го чешла

Јанушев оди под лупа, корупција ќе го чешла

- Advertisement -spot_img

Државната комисија за спречување на корупцијата ќе ги разгледува новите наводи за генералниот секретар на Владата, Игор Јанушев, и неговата можна поврзаност со компанија регистрирана во Бугарија.

Од ДКСК потврдуваат дека имотната состојба на Јанушев веќе се проверува во предмет отворен во 2024 година, а информациите за бугарската фирма ќе бидат приклучени кон истата постапка.

Опозициската СДСМ побара проверка дали Јанушев бил поврзан со компанијата „Флугбан транс“ од Ќустендил и дали евентуалниот удел или деловен интерес бил пријавен во неговата изјава за имотна состојба и интереси.

Од Антикорупциската комисија посочуваат дека располагаат со ограничени можности за директна проверка на имотот и сопственичките структури во странство. Комисијата дополнително треба да одлучи на кој начин ќе ги прибави потребните информации.

Претходниот предмет за Јанушев бил отворен по пријава од Управата за финансиско разузнавање. Во фокусот била проверката на неговиот имот, вклучувајќи го и станот од 165 квадратни метри во Центар, со наведена вредност од околу 325.000 евра.

Јанушев тогаш објасни дека станот го добил како подарок од родителите и дека во првичната имотна пријава по грешка бил внесен како градежно земјиште, што подоцна било коригирано.

ВМРО-ДПМНЕ ги отфрли новите обвинувања на СДСМ. Од партијата соопштија дека Јанушев никогаш не аплицирал за бугарско државјанство и дека не остварил приход од фирмата во Бугарија.

ДКСК најавува дека по завршувањето на проверката ќе ја информира јавноста за утврдените факти и за евентуалните понатамошни постапки.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img