HomeТехнологијаCEO на Honor во фокусот на MWC 2026, додека телефонот со вештачка...

CEO на Honor во фокусот на MWC 2026, додека телефонот со вештачка интелигенција добива пофалби за иновативност

- Advertisement -spot_img
Извршниот директор на Honor, Џејмс Ли, го претстави концептот „проширена човечка интелигенција“ (AHI) како идниот правец на развој, истакнувајќи дека вештачката интелигенција може значително да го прошири човечкиот потенцијал.

Џејмс Ли, извршен директор на Honor – глобална компанија во областа на AI уредите – одржа главно воведно предавање на сцената на Mobile World Congress 2026, каде зборуваше за тоа како вештачката интелигенција може да ги унапреди човечките способности.

„Веруваме дека суштината на вештачката интелигенција мора да остане насочена кон човекот“, изјави Ли, при првото појавување на Honor на главната сцена на MWC. „Нашата цел е интелигенцијата да има и IQ и EQ – способност да решава проблеми, но и да разбира. Така полесно ќе се снаоѓаме во свет кој брзо се менува и ќе можеме да го живееме секој момент исполнети со радост, љубов и мудрост.“

Honor на овогодишниот настан остави силен впечаток претставувајќи смела визија за иднината – Augmented Human Intelligence (AHI), додека врв на презентацијата беше Honor Robot Phone.

На Mobile World Congress 2026, Honor ја доби наградата „Best Disruptive Device Innovation“ од GSMA Global Mobile Awards (GLOMO) за примената и комерцијализацијата на технологијата на силициум-карбонски батерии.

Оваа иновација му овозможува на моделот Honor Magic V6 да стане прв во индустријата со 25% содржина на силициум, што овозможува поголема енергетска густина во ултра-тенок преклоплив дизајн. На MWC 2026, Honor ја претстави и батеријата од новата генерација – Honor Silicon-carbon Blade Battery, со 32% содржина на силициум и капацитет од 985 Wh/L. Овој технолошки напредок означува нов чекор во развојот на ултра-тенки и енергетски моќни батерии.

Покрај тоа, бројни светски институции наградија повеќе производи на Honor – Honor Robot PhoneHonor Magic V6Honor MagicPad 4 и Honor MagicBook Pro 14 – со признанието „Best in Show“ на Mobile World Congress 2026. Во исто време, медиумите и аналитичарите ги пофалија иновациите на компанијата насочени кон човекот, како и интеграцијата на роботика, вештачка интелигенција и мобилни комуникациски технологии.

Honor Robot Phone е најдобар пример за реализација на визијата AHI на Honor, која го става човекот во центарот на AI револуцијата и се залага за технологија создадена да го унапреди, а не да го замени човечкиот потенцијал и креативност.

За да се реализира оваа визија, треба заедно да функционираат три форми на интелигенција:

  • Лична интелигенција – AI агент кој живее на личните уреди на корисникот
  • Универзална интелигенција – колективниот „мозок“ на човештвото што им го носи знаењето на светот на корисниците
  • Edge интелигенција – уреди како роботи и електрични возила, кои во физичкиот свет стануваат новите „очи“ и „раце“ на корисниците

Како AI уред со сопствени „сетила“, способен да го перцепира и да реагира на светот околу себе, Honor Robot Phone покажува како овие три типа интелигенција можат беспрекорно да се интегрираат, овозможувајќи секој да стане професионален креатор на филмска содржина. Со спојувањето на AI и снимањето се отвора целосно нов свет на самостојно изразување.

„Креирањето станува не само поедноставно, туку и многу повозбудливо“, изјави Џејмс Ли.

На сцената, Ли упати и отворен повик за соработка во рамките на индустријата со цел создавање екосистем на AI уреди.

„Сакаме да бидеме кул компанија, во тим со најкреативните умови. Заедно кон кул иднина на вештачката интелигенција!“ порача Ли.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img