Велешката фабрика „Брако“ уште еднаш ја потврди својата општествена одговорност со донација на нов ЕКГ апарат за Интерното одделение во велешката болница. Со оваа донација ќе се обезбеди побрза и посигурна здравствена услуга за граѓаните.

Од компанијата истакнаа дека и понатаму ќе продолжат да вложуваат во заедницата и да бидат поддршка таму каде што е најпотребно.






