Во Пешкопија, Албанија, денеска е потпишан договор за воспоставување заеднички гранични премини и заеднички гранични контроли меѓу Северна Македонија и Албанија.
Договорот го потпишаа надлежните министри од двете земји, со цел унапредување на граничното управување и олеснување на движењето на граѓаните и стоките.
Со ова се овозможува побрз проток, намалување на чекањето на граничните премини и зајакнување на координацијата меѓу институциите на двете држави.
Овој модел веќе функционира со Србија и Косово, а со Албанија се заокружува процесот на негова примена со соседните држави надвор од Шенген зоната.
Надлежните истакнаа дека соработката претставува значаен чекор во регионалната интеграција и модернизација на граничниот систем.








