домаМакедонијаБожиновска во Атина на средба со американската амбасадорка Гулфојл: Фокус на енергетска...

Божиновска во Атина на средба со американската амбасадорка Гулфојл: Фокус на енергетска безбедност, гасниот интерконектор и нови американски инвестиции

- Advertisement -spot_img

Сања Божиновска, министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, во рамки на престојот во Атина оствари работна средба со Кимберли Гулфојл, за време на дводневниот Energy Transition Summit: East Med and Southeastern Europe.

На средбата, која поминала во пријателска и конструктивна атмосфера, двете соговорнички разговарале за билатералните односи меѓу Македонија и САД, со посебен фокус на енергетската соработка, енергетската безбедност и можностите за продлабочување на партнерството во инфраструктурните и стратешките енергетски проекти.

Божиновска и Гулфојл се осврнале и на неодамнешниот стратешки дијалог во Вашингтон, каде енергетиката била една од главните теми, при што била потврдена заедничката определба за зајакнување на регионалната соработка и поддршка на енергетската транзиција.

Министерката Божиновска ја информирала американската амбасадорка за активностите поврзани со изградбата на гасниот интерконектор со Грција, нагласувајќи ја посветеноста на Владата кон проекти што треба да обезбедат поголема енергетска стабилност, диверзификација на изворите за снабдување и подобра регионална поврзаност.

На средбата било потенцирано и значењето на зголемување на американските инвестиции во енергетскиот и инфраструктурниот сектор во Македонија и регионот, особено во областа на гасната инфраструктура и модернизацијата на енергетските капацитети.

Воедно, министерката Божиновска упати покана до амбасадорката Гулфојл во блиска иднина да ја посети Македонија.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img