домаМакедонијаБОЖИНОВСКА: Македонскиот мермер е бренд со голем економски потенцијал

БОЖИНОВСКА: Македонскиот мермер е бренд со голем економски потенцијал

- Advertisement -spot_img

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска беше во теренска посета на „Мермерен Комбинат Прилеп“, каде ги разгледа процесите на експлоатација, условите за работа и инвестициите во модерна технологија и безбедност.

Божиновска истакна дека македонското рударство има знаење, традиција и потенцијал, и дека задачата на институциите е да обезбедат јасни правила, стабилна средина и фер услови за сите. Таа нагласи дека развојот мора да оди заедно со стандарди, грижа за животната средина и почитување на правилата, за успехот да биде долгорочен

Ресурсите што ги имаме мора да значат повеќе работни места, повеќе финална обработка во Македонија, повеќе додадена вредност за домашната економија и одржливо рударство што носи реална корист за граѓаните“, рече Божиновска.

Министерката потенцираше дека компаниите кои инвестираат во технологија, безбедност и заштита на животната средина се партнери во развојот и дека токму таков пристап институцијата ќе поддржува, нагласувајќи дека политиките се креираат директно на терен, каде што се создава реалната економија.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img