домаМакедонијаБожиновска: Македонија лидер во регионот по цена и квалитет на горивата

Божиновска: Македонија лидер во регионот по цена и квалитет на горивата

- Advertisement -spot_img

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска порача дека горивата во Македонија се најевтини во регионот и воедно ги задоволуваат највисоките стандарди за квалитет.

Во своето видео-обраќање на 10-тиот Регионален симпозиум на лаборатории од Македонија, Србија, Хрватска, Словенија и Бугарија, кој се одржува во организација на ОКТА, Божиновска истакна дека државата посветено работи на целосно усогласување со европските стандарди во енергетскиот сектор.

Според неа, со новиот Закон за енергетика се воспоставува посилна правна рамка за пазарен надзор, додека паралелно се работи и на модернизација на правилникот за квалитет на горивата.

„На овој начин ќе овозможиме уште поефикасно следење и контрола на квалитетот на горивата, а надлежните институции ќе добијат подобри механизми за мониторинг“, посочи Божиновска.

Таа додаде дека целта останува усогласување со европските стандарди, како и воведување појасни и поефикасни процедури за контрола на квалитетот на горивата.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img