домаМакедонијаБогојески со жестока реакција: „Дали разбирате кој е проблемот со Ратко Младиќ?“

Богојески со жестока реакција: „Дали разбирате кој е проблемот со Ратко Младиќ?“

- Advertisement -spot_img

Петар Богојески, лидер на Македонски концепт, со остра реакција се вклучи во јавната дебата предизвикана од величењето на Ратко Младиќ од страна на македонски државни функционери.

Според Богојески, дел од македонската јавност погрешно ја сведува темата на расправа за тоа кој бил во право во војните во поранешна Југославија – Србите, Бошњаците или Хрватите. Тој смета дека Македонците треба да се соочат со значењето што Младиќ, четничката идеологија и поранешните југословенски безбедносни структури го имале за Македонија и за македонското национално прашање.

„НЕ РАЗБИРАМ како дел од Македонците не разбираат што е проблемот со Ратко Младиќ?!?

Читам и не ми се верува… дури добив десетици пораки со објаснување кој бил во право… Македонците се заклаа помеѓу себе дали Србите или Бошњаците биле во право… дали Хрватите биле спасени или не… дали Младиќ бил наместен или не во Хаг…

Свој леб јадеме, туѓо гајле бериме!

Македонци, тој човек Ратко Младиќ беше дел од воениот врв на ЈНА, кој се подготвуваше за војна во Македонија. Тој се закануваше со етничко чистење на нас Македонците, веднаш откако ќе ја завршел работата со чистењето во Босна.

Тој го воскресна четничкото движење, кое убило илјадници Македонци, македонски жени и деца, кое спровело геноцид/етноцид врз нас во Македонија од 1912 до 1991 година.

Зошто до 1991 година? Бидејќи истиот тој четнички покрет беше употребен од Тито за создавање на ОЗНА, тајната полиција која ги уби македонските борци од НОБ и македонските Илинденци и Асномци.

Буквално беа исчистени вистинските ослободители на Македонија. После тоа, истите тие служби на Тито и помогнаа на Грција во етничкото чистење на Македонците од Егејска Македонија и конечно „ослободување“ од македонските егејски бригади, кои ја ослободија пола Југославија од нацистите.

Е сега, вие денес величите / не можете да разберите / што е проблемот со таков човек како Ратко Младиќ?!?

Па тој планираше да ги убие и уништи сите македонски патриоти од 1990/91 година кои се бореа за независна Македонија.

Исто како што тоа го направиле Србите во 1912/13 година со македонските Илинденци… во 1918/19 со македонските Ополченици… во 1945/46 со македонските Асномци…

Истите тие служби ја активираа „албанската мака“ и ја испровоцираа војната во 2001 година во Македонија од која не можеме да се опоравиме до ден денес…

„Македонски“ министер и директор го величат Ратко Младиќ? Дали разбирате кој е тој скандал?

Што величат тие? Етничкото чистење на нас Македонците? Горди се со убивањето на Илинденците, Ополчениците, Асномците?!?

Дали разбирате која е длабочината на проблемот?

МАКЕДОНЦИ, свесни сте што правите?!?

Или не сте Македонци? Да не се сокриваат некои други „длабоки чувства“ во некои од вас?!? Да не ве копка тоа 4С малку подлабоко? Каде што не треба?!?“

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img