домаМакедонијаБитола му посака добредојде на Лино Червар: Коњановски на средба со новиот...

Битола му посака добредојде на Лино Червар: Коњановски на средба со новиот тренер на РК Еурофарм Пелистер

- Advertisement -spot_img

Тони Коњановски денеска оствари средба со новиот тренер на РК Еурофарм Пелистер, Лино Червар, кој и официјално го презема водењето на битолскиот клуб.

На средбата беше потврдена соработката со Червар, кој потпиша договор на три години и се враќа на ракометната сцена по петгодишна пауза. Искусниот хрватски стратег, роден во Умаг, важи за еден од најтрофејните тренери во светскиот ракомет, со освоени олимписки и светски титули со репрезентацијата на Хрватска.

Коњановски му посака добредојде и успешна работа во Битола, со очекување дека неговото искуство ќе придонесе за нови успеси на клубот и развој на младите ракометари.

Червар во минатото ја водеше и македонската репрезентација, а остави значаен печат и во „Металург“ од Скопје, каде што работеше на развој на млади таленти и создавање репрезентативци како Кузмановски, Талевски и Дрогришки.

На средбата со градоначалникот присуствуваа и претседателот на клубот Зоран Стерјев, потпретседателот Бојан Стерјев и спортскиот новинар Зоран Мишевски.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img