Сообраќајна несреќа се случи утрово во центарот на Скопје, во близина на поранешниот хотел „Бристол“, во која учествувале автобус и мотоцикл.
Според првичните информации, автобус со турски регистарски ознаки удрил во мотоциклот, по што го прегазил. На местото на несреќата веднаш пристигнале полициски екипи кои вршат увид и ги утврдуваат причините за случувањето.
Засега нема официјални информации за состојбата на мотоциклистот, ниту дали во несреќата има други повредени лица.
Од полицијата се очекуваат повеќе детали за текот на несреќата и преземените мерки.
Извор: Вечер.мк






