домаМакедонијаАрсовски: Враќањето на Груевски во земјата е скоро невозможно

Арсовски: Враќањето на Груевски во земјата е скоро невозможно

- Advertisement -spot_img

Поранешниот премиер Никола Груевски кој во 2018 година избега во Унгарија и веднаш доби политички азил почнал сопствен бизнис во летото 2021 година и основал консултантска компанија, информираат унгарските медиуми. Според нивните информации, компанијата е мала и нема вработени но има стабилни приходи. Минатата година компанијата имала приход од околу 9 600 евра а Груевски остварил профит од остварил профит од околу 5 600 евра.

Освен компанијата на Груевски, изминативе денови странски медиуми повикувајќи се на извори од унгарската влада пишуваа дека поранешниот премиер во 2022 година добил унгарско државјанство. Според нивните информации, унгарското државјанство дополнително ја отежнува можноста за негова екстрадиција во Македонија.

Политичкиот аналитичар Петар Арсовски за Телевизија 24 вели дека можноста Груевски да се врати во Македонија е минимална, речиси и непостоечка. Според него, стекнатото државјанство не може да се одземе лесно бидејќи за тоа постојат услови кои треба да се исполнат.

Петар Арсовски, политички аналитичар

– Можноста Груевски да се врати во Македонија е минимална, практично непостоечка од повеќе причини меѓу кои една е и постоењето на унгарско државјанство. Политички азил по својата природа е привремена правна состојба која кога во матичната земја ќе се сменат околностите може да се укине но државјанство по Европска конвенција на човекови права не може да се земе треба да постојат многу јасни причини за тоа, повреда на многу голем број на закони така да Груевски да биде екстрадиран во Македонија веројатноста е минимална. На тоа ја додавам изјавата и на премиерот Мицкоски дека доколку Груевски се врати во Македонија ќе мора да оди во затвор дури и за повторување на судењата така што тие два фактори според мене прават веројатноста Груевски да се врати во Македонија да е еднаква на нула.

Од Министерството за правда по информацијата за тоа дека Груевски има унгарско државјанство, велат дека поранешниот премиер останува македонски државјанин и се товари со правосилни судски одлуки и активни постапки. Објаснуваат дека се преземаат сите билатерални, правни и дипломатски чекори за негова екстрадиција.

Поранешниот премиер Никола Груевски е повторно во фокус поради изјавата на новоизбраниот премиер на Унгарија Петар Маѓар во која рече дека Унгарија нема да биде засолшните на меѓународни криминалци меѓу кои го спомена и Никола Груевски.

Поранешниот премиер беше обвинет во седум судски случаи. Од нив, пресуда има за случајот Тенк каде Груевски беше осуден на две години затвор. Извршувањето на казната за ова дело е застарено во октомври 2024 година. Во сучајот Насилство во Центар, Груевски беше осуден на година и половина во затвор а во случајот Плацеви на Водно, пресудата беше 9 години затвор. Извршувањето на затворската казна за случајот Насилство во Центар застарува во 2027 година а за случајот Плацеви на Водно застарува во 2043 година. Случаите Траекторија и ТНТ се застарени додека пак судскиот процес за Талир 1 и 2 и Титаник е во тек.

Груевски побегна од Македонија во 2018 година по пресудата за двегодишната затворска казна во случајот Тенк и побара политички азил во Унгарија со статус на Фејсбук дека работата излегла од контрола.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img