домаМакедонијаКоњановски: Снегот нема да нè изненади

Коњановски: Снегот нема да нè изненади

- Advertisement -spot_img

– За реализација на програмата, имаме координативно тело со споделени надлежности и утврдени приоритети за чистење на улиците во зимски услови. Градот е подготвен за претстојната зимска сезона и веруваме дека нема да се случи традиционалната народна изрека снегот нè изненади. Во ЈКП „Нискоградба“ има доволни количини сол, ризла и песок, механизацијата е подготвена и ќе дејствуваме во зависност од потребите – истакна градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски.

Зимската служба на Општина Битола е подготвена за претстојната зимска сезона, а надлежните служби и претпријатија имаат утврдена програма, изјави градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски.

Коњановски потврди дека на консултативен состанок со сите релевантни фактори во градот биле посочени обврските што произлегуваат од Програмата за организирање зимска служба во Општината.

– За реализација на програмата, имаме координативно тело со споделени надлежности и утврдени приоритети за чистење на улиците во зимски услови. Градот е подготвен за претстојната зимска сезона и веруваме дека нема да се случи традиционалната народна изрека снегот нè изненади. Во ЈКП „Нискоградба“ има доволни количини сол, ризла и песок, механизацијата е подготвена и ќе дејствуваме во зависност од потребите – истакна Коњановски.

Коњановски потсети и на актуелните проекти што се реализираат на подрачјето на Општината, поврзани со образованието, локалната инфраструктура, сообраќајот, туризмот… како и за меѓународната соработка на градот.

– Задоволен сум од реализацијата на проектите, голем дел од нив се со владина поддршка ,чија вредност надминува 15 милиони евра. Ние, како локална самоуправа, сме лидери според аплицираните проекти пред владините јавни повици и се надеваме дека ќе има дополнителни. Проектите се реализираат, а за дел се подготвува проектна документација – нагласи градоначалникот.

Општина Битола наскоро ќе стави во функција две нови паркиралишта, а во поранешната касарна ќе бидат промовирани нови велосипедски патеки, најавија од локалната самоуправа.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img