домаМакедонијаОбилни врнежи од дожд до недела, на планините нов снег

Обилни врнежи од дожд до недела, на планините нов снег

- Advertisement -spot_img

Под влијание на циклонска активност, Македонија во наредните денови ја очекува период на облачно и врнежливо време, со локално обилни врнежи од дожд, кои на одделни места во текот на целиот период може да надминат 80 литри на метар квадратен, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Денеска времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во западните делови од земјата, каде се очекува да наврнат над 30 литри на метар квадратен. Ќе дува умерен, на места повремено засилен ветер од јужен правец.

Врнежливиот период ќе продолжи до недела, а локално количеството дожд за 24 часа ќе надмине 30 литри на метар квадратен.

Поради спуштање на студена воздушна маса од север, за време на викендот врнежите на некои од повисоките места ќе преминуваат во дожд и снег, додека на планините ќе паѓа снег, при што се очекува формирање нова снежна покривка.

Од почетокот на следната работна седмица времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img