домаМакедонијаУтре започнува судењето за нападот врз Сара Ѓорѓиеска

Утре започнува судењето за нападот врз Сара Ѓорѓиеска

- Advertisement -spot_img

Со главна расправа, утре од 11:00 часот во Основен суд Охрид почнуба судењето против 31-годишниот Кристијан Корабоски, обвинет за нападот врз 26-годишната Сара Ѓорѓиеска од Охрид.

Предметот ќе го води судијата Александра Поп Стефанија, а од судот соопштија дека за овој како и за сите останати предмети ќе обезбеди транспарентост во законски рамки.

Настанот што ја потресе охридската, но и македонската јавност се случи на 15 ноември 2026 година, околу 02:00 часот. Според официјалната информација од МВР, по претходна расправија која започнала во неговиот дом, а продолжила во неговиот автомобил, пријавениот во возилото физички ја нападнал неговата 26-годишна девојка од охридско. Откако го сопрел возилото, продолжил со нападот, при што девојката изгубила свест и паднала, по што била пренесена во Општата болница во Охрид, а потоа и во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ во Охрид, каде ѝ биле констатирани тешки телесни повреди. Преземени се мерки и набргу по настанот, во 05:05 часот К.К е лишен од слобода и задржан во полициска станица. Додека, по барање на ОЈО, Основен суд во Охрид донесе решение и му изрече мерки на претпазливост.

Охридското Основното јавно обвинителство (ОЈО) до Основниот суд во Охрид поднесе обвинение за три кривични дела – телесна повреда, противправно лишување од слобода и загрозување на сигурноста против 31-годишниот Кристијан Корабоски од Охрид, во врска со претепувањето на 26-годишната Сара Ѓорѓиеска. Охридскиот суд на Корабоски му одреди мерка притвор во траење од 30 дена.

– При вршење семејно насилство, обвинетиот противправно ја затворил, физички ја нападнал, телесно ја повредил и ја загрозил сигурноста на една оштетена. Во текот на денот, со цел испитување на настанот, јавниот обвинител презеде повеќе дејствија. Испитана беше оштетената во присуство на социјални служби и беше наредено и извршено вештачење на видот и карактерот на нејзините повреди. Заедно со обвинението, а имајќи ги предвид утврдените околности во предметот, јавниот обвинител до Судот достави предлог за определување мерка притвор за обвинетиот кој беше обезбеден за цело време од поведување на постапката, соопштија од Обвинителството.

Поради нови околности во предистражната постапка, на 16 ноември беше повторно приведен 31-годишниот Кристијан Корабоски од Охрид, лицето кое е осомничено за физичкиот напад врз 26-годишната Сара Ѓорѓиеска.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img