домаМакедонијаАлександар Чупиќ утре пристигнува во Охрид на регионалниот самит

Александар Чупиќ утре пристигнува во Охрид на регионалниот самит

- Advertisement -spot_img

Новиот претседател на Собранието во Србија, Александар Чупиќ, утре ќе пристигне во Охрид, каде ќе учествува на регионалниот состанок во рамки на процесот Брдо-Бриони.

Чупиќ, кој неодамна беше избран за претседател на Народното собрание на Србија, а потоа и за вршител на должноста претседател на државата, ја прифатил поканата на македонската претседателка Гордана Сиљановска-Давкова за учество на регионалниот самит.

Сиљановска-Давкова претходно му упати честитка за изборот, изразувајќи надеж дека македонско-српските односи ќе продолжат да се развиваат во духот на пријателството, соработката и без отворени нерешени прашања.

Неговото доаѓање во Охрид е во фокусот и по одлуката да не присуствува на самитот ЕУ – Западен Балкан во Брисел, што дополнително го привлече вниманието кон неговите дипломатски активности и позиционирањето на Србија во регионалните процеси.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img