домаМакедонијаЌе се ангажираат 14 невработени лица

Ќе се ангажираат 14 невработени лица

- Advertisement -spot_img

Општина Прилеп објави повик за 14 работни ангажмани преку програмата „Општинско-корисна работа“. Повикот е наменет за евидентираните невработени лица што активно бараат работа.

Според официјалниот повик на Општината, ангажманите траат девет месеци, со 40 работни часа неделно и со месечен надоместок од 24.000 денари. Во надоместокот се вклучени персоналниот данок и осигурувањето за повреда при работа и професионална болест.

Се бараат двајца воспитувачи, четворица негуватели во градинка, петмина за нега на стари лица, двајца за работа со лица со церебрална парализа и еден психолог. За дел од ангажманите е потребна соодветна лиценца или сертификат.

Пријавувањето трае до 30 ноември, во Центарот за вработување во Прилеп, секој работен ден од 8:00 до 14:00 часот. Предност имаат кандидатите што првпат учествуваат во програмата.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img