Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, во рамки на 90. седница денеска ќе одржи јавна расправа по работната верзија на Предлогот на закон за организација и работа на органите на државната управа.
Со овој закон се уредуваат организацијата, надлежностите и работата на органите на државната управа. Органите на државната управа се дел од извршната власт на Република Северна Македонија кои се основаат во областите од значење за државата заради ефикасно извршување на нејзините функции и остварување на правата, должностите и правните интереси на граѓаните и правните лица.
На јавната расправа се поканети претставници од различни организации, институции, здруженија и асоцијации, да учествуваат и да дадат свои мислења и ставови во врска со темата.






