домаСпортПадна голем потпис, Реал Мадрид го реши голманското прашање

Падна голем потпис, Реал Мадрид го реши голманското прашање

- Advertisement -spot_img

Тибо Куртоа и Реал Мадрид постигнаа договор за продолжување на соработката, а кралскиот клуб наскоро треба и официјално да ги потврди одличните вести за своите навивачи.

За иднината на искусниот голман во изминатите недели многу се шпекулираше, но се чини дека дилемите повеќе не постојат.

Според информациите кои пристигнуваат од Шпанија, Куртоа веќе потпишал нов договор со Реал Мадрид, со кој ќе остане на „Сантијаго Бернабеу“ до летото 2028 година. Финансиските детали од новиот договор засега не се познати.

Белгискиот чувар на мрежата пристигна во Мадрид во 2018 година од Челзи и оттогаш прерасна во еден од најважните фудбалери на шпанскиот гигант. Во лондонскиот клуб извесен период соработуваше и со Жозе Мурињо, сегашниот тренер на Реал Мадрид.

Да потсетиме, Реал Мадрид неодамна ја продолжи соработката и со Арда Ѓулер. Одличниот турски играч за врска сега е обврзан со кралскиот клуб до летото 2032 година.

Истиот рок на важност го има и новиот договор на Орелиен Чуамени, па јасно е дека челниците на мадридскиот клуб веќе активно работат на задржување на главните играчи во тимот и зачувување на неговата основа за наредните години.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img