Државни знамиња се паднати на неколку локации во Скопје, најверојатно како последица на ветерот што денеска дува во главниот град, иако не е со посебно силен интензитет.
Ваквата слика отвора прашање за начинот на кој се поставуваат и прицврстуваат знамињата, особено кога се поставуваат по повод празници и други значајни датуми.
Надлежните служби треба да посветат поголемо внимание при нивното поставување и да се погрижат тие да бидат соодветно и безбедно прицврстени, за да не паднат и да не повредат случајни минувачи.






