домаМакедонијаХристовски: АНБ ја следи одлука на Египет да прогласи за терористичка организација...

Христовски: АНБ ја следи одлука на Египет да прогласи за терористичка организација една организација од Македонија

- Advertisement -spot_img

АНБ ја следи одлука на Египет да прогласи за терористичка организација една организација од Македонија, одговори денес на новинарско прашање директорот на АНБ, Бојан Христовски.

– АНБ со особено внимание ја следи последната одлука на Египет за една македонска организација која е прогласена за терористичка организација, делуваме во рамки на можностите, меѓународна соработка и активности тука. И покрај тоа АНБ во целост тековно ги следи сите активности кои се од позиција на насилен екстремизам и тероризам, само во изминатите две години имавме значителен придонес во рамките на борбата против тероризмот. Не постои било каков елемент за грижа кај било кого во однос на тоа што Египет има прогласено за терористичка организација една организација од Македонија, одговори Христовски.

Македонско исламско здружение се најде на списокот на организации што египетскиот Кривичен суд во Каиро ги прогласи за терористички. Одлуката, објавена претходно во египетскиот службен весник, опфаќа вкупно 35 организации и 36 луѓе од повеќе европски држави, кои ќе бидат внесени во националните регистри на терористички организации и лица во период од пет години.

Меѓу организациите наведени во одлуката има исламски здруженија и институции од Франција, Велика Британија, Германија, Швајцарија, Шведска, Италија и од други европски земји.

На списокот се наоѓа и организација од Македонија, наведена под арапското име „Таджаму ал-Шабаб ал-Ислами“, што во превод значи „Исламско младинско здружение“.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img